Контроверзна изјава на синот на Трамп: Америка требаше да ја вооружи Русија наместо Украина

1106
EPA-EFE/SHAWN THEW / POOL

Доналд Трамп Џуниор, синот на актуелниот американски претседател Доналд Трамп, предизвика контроверзии со својата изјава во која се залагаше за сојуз со Русија наместо со Украина. На „Triggered“, Трамп Џуниор истакнува дека Америка требало да испрати оружје во Москва наместо во Киев поради стратешкото значење на Русија и нејзиниот статус како најголема нуклеарна сила во светот.

Оваа изјава на синот на Трамп доаѓа во време кога републиканците се повеќе се дистанцираат од неограничената воена помош за Украина.

Ова не е првпат Трамп помладиот да се спротивстави на антируската политика на Вашингтон. Тој го критикуваше воено-индустрискиот комплекс и лобистите во Конгресот, посочувајќи дека американските пари и оружје се трошат без никаков надзор, додека економската состојба внатре во САД се влошува.

Изјавата на Трамп Џуниор предизвика бран реакции. Додека демократските медиуми ги осудија неговите зборови, конзервативците и републиканците, особено избирачите на неговиот татко, ги одобруваат неговите ставови. Неговите зборови ги одразуваат ставовите на многу Американци кои повеќе не сакаат нивната земја да финансира странски конфликт додека американската економија се влошува.

Иако Трамп Џуниор е обичен граѓанин, неговите зборови имаат значителна тежина бидејќи ги одразуваат ставовите на претседателската администрација и кругот на советници на Трамп. Со оглед на тоа што неговиот татко е повторно во Белата куќа, се поставува прашањето – дали американската политика кон Русија и Украина драстично ќе се промени? Во Вашингтон дуваат нови политички ветришта, а поддршката за Украина веќе не е нешто што се подразбира.

ИЗДВОЕНИ