Тренерот на Милан, Серџо Консеисао, не беше претерано расположен по новиот пораз на Милан во Серија А, овој пат од Аталанта. „Росонерите“ беа поразени од тимот на Бергамо на свој терен и со тоа дополнително ја искомплицираа задачата да обезбедат пласман во Лигата на шампионите, што сега изгледа како невозможна мисија.

По мечот на „Сан Сиро“, Консеисао, не беше претерано расположен, каде не сакаше да одговори на критиките, но следеше контра прашање.

  • Штом пристигнав во Милано, го освоив Суперкупот, а еден или два натпревари после тоа, сите веднаш почнаа да зборуваат за новиот тренер на Милан. Секој ден средината беше се помалку позитивна. На крајот на сезоната некој ќе мора да брои кога последен пат Милан освоил два трофеи во една сезона, порача Консеисао.

Консеисао ќе има можност да се искупи пред навивачите во полуфиналниот меч од Купот, кога во реваншот ќе игра против Интер, по ремито во првиот меч меѓу овие два големи ривали. Овој меч се игра денеска со почеток во 21 часот.

ИЗДВОЕНИ