Серџо Консеисао ќе биде тренер на Милан до крајот на сезоната, а потоа италијанскиот гигант ќе се обиде да донесе долгорочно решение, пренесува добро информираниот инсајдер Фабрицио Романо.

Португалскиот стручњак на 30 декември го замени сонародникот Пауло Фонсека на клупата на „росонерите“ и по само два натпревари им го донесе трофејот во италијанскиот Суперкуп во Саудиска Арабија. Тогаш се чинеше дека Консеисао и Милан се идеален тандем, дека ќе го размрда тимот, но во Серија А овој тим продолжи да бележи многу слаби резултати.

Потоа следуваше шокантната елиминација од Феенорд во осминафиналето на Лигата на шампионите, ништо не е сменето ниту во домашното првенство, а по поразот на домашен терен од Аталанта (0:1), Милан е само деветти на табелата со 51 бод на пет кола до крајот на сезоната.

ИЗДВОЕНИ