Коњаниците од Илинденскиот марш ќе бидат испратени до славното Крушево

997

Општина Аеродром поканува на свечениот настан што ќе се одржи утре, 27 јули, кога на коњаниците од Илинденскиот марш ќе им посакаме среќен пат и ќе бидат испратени до славното Крушево, каде што на 2 август ќе се приклучат кон одбележувањето на големиот празник Илинден.

Традиционално, коњичкиот марш ќе започне од паркот „Јане Сандански“ во 17 часот кога на коњаниците ќе им биде предадено општинското знаме. Потоа, придружувани од фаланга и игроорци од КУД „Никола Јонков Вапцаров“, со звуците на зурлите и тапаните, тие ќе се упатат кон црквата „Свети Петар и Павле“ во Горно Лисиче, минувајќи низ главните булевари на општината.

Пред испраќањето на илинденците, во црквата со почеток од 18.30 часот ќе се одржи свечена литургија, по што следува богата музичка програма со настап на познати македонски естрадни уметници.

Општина Аеродром и оваа година финансиски го поддржува Илинденскиот марш како една од најголемите и најзначајните манифестации, со што се негуваат традицијата и македонската култура.