Конфликти во источно Конго: Во мртовечниците во и околу градот Гома, евидентирани 773 тела

40
Фото: EPA-EFE/DANIEL IRUNGU

Министерството за здравство на Конго денеска соопшти дека 773 тела биле регистрирани во болничките мртовечници во и околу источниот град Гома до 30 јануари, по офанзивата на бунтовниците М23 поддржани од Руанда.

Мртовниците го надминаа капацитетот, а многу тела сè уште лежат на улиците, додаде Министерството.

Наведено е и дека во периодот од 26 до 30 јануари биле повредени 2.880 лица.

Конфликтите во источно Конго датираат од 1990-тите, но ескалираа.

Бунтовниците М23, составени од етничките Тутси, тврдат дека се борат за правата на малцинствата, додека владата на Конго вели дека се поддржани од Руанда и сакаат да ја преземат контролата врз рудното богатство на земјата во источниот регион.

ИЗДВОЕНИ