Кралот Чарлс (76) се бори со рак, а лекувањето ќе го продолжи следната година, јавуваат странските медиуми. Извори од Бакингемската палата велат дека неговото лекување добро напредува и дека на почетокот на 2025 година ќе започне нов циклус на хемотерапија.
И покрај тоа што јавноста за тешката дијагноза дозна во февруари, палатата сепак не објави каков вид на рак има кралот Чарлс. Извор, наводно, открил за „The Times“ зошто монархот криел детали за неговата дијагноза и третман.
Тие рекле дека тоа бил свесен избор што го направиле за да може кралот да допре до што е можно повеќе луѓе кои страдаат од оваа болест, наместо да го стесни фокусот на одредена форма на рак. Се верува дека Кејт Мидлтон не открила каков вид на рак имала поради истата причина.
Чарлс бил на третман за зголемена простата неколку недели пред да се објави во јавноста дека кралот има рак. Извесен период се повлекол од јавните обврски за да се посвети што повеќе на лекување. Сепак, тој бил свесен за сè што се случувало додека продолжил да ги разгледува сите документи што ги добивал во кутии и одржувал приватни состаноци.
За време на болеста, кралот имал голема поддршка од семејството, особено од сопругата Камила, но и од неговата снаа Кејт Мидлтон, која исто така дознала дека има рак оваа година. Во септември ја прекинала хемотерапијата и постепено се враќа на своите обврски. Додека таа и кралот беа отсутни, принцот Вилијам ги презеде сите одговорности на нивно место.