Конечната одлука се очекува наскоро, годините се уште најголема дилема: Ќе расцути ли романса меѓу Софија Вегара и Луис Хамилтон

63
Луис Хамилтон и Софија Вергара сметаат дека јазот во годините би ѝ попречил на нивната можна љубовна романса, велат извори за Пејџ Сикс.
Двојката се дружеше во Њујорк во последните две недели.
Можеби само затоа што обајцата се згодни и слободни – имаше доволно простор за да се прошират гласови дека станува збор за љубовна средба.
Насмевката не ги напушташе нивните лица ни за миг, а пристигнаа и првите фотографии – снимени при муабетење пред ресторанот.
Сепак „таа мисли дека постои преголема разлика во годините“, вели извор.
Тој тукушто наполни 40, а таа има 52 години.
По вториот развод, Вергара достигна и нов врв во кариерата.
Хамилтон нема толку бурен љубовен живот зад себе.

Имаше „само“ една љубовна врска, со Никол Шерзингер, од 2007 до 2015 година.

Се очекува Луис и Софија наскоро да донесат одлука.

 

ИЗДВОЕНИ