Конечна одлука на Шкотскиот суд: Седум лица кои извршиле сексуална злоупотреба на деца во Глазгов осудени на доживотен затвор

130

Седум членови на група за која е утврдено дека сексуално злоупотребувале три деца помлади од 13 години, јавуваат британските медиуми.

Иан Овен (46), Елен Ланери (40)Ж, Пол Бренан (42), Скот Форбс (51), Бери Вотсон (48) и Џон Кларк (49), се осудени на затворски казни во времетраење од осум до дваесет годни, наведе Би-Би-Си њуз.

Осудените се исто така ставени под наредба за доживотно ограничување, што значи дека можеби никогаш нема да бидат ослободени од затвор.

Високиот суд во Глазгов утврдил дека злоупотребата се случувала повеќе од седум години во илегалното собиралиште за корисници на дрога познато како „куќата на ѕверот“. Децата претрпеле силување, обид за убиство и физичко насилство.

Полицијата ја опиша злоупотребата како нешто „незамисливо“.

Центарот за социјална работа првпат почнал надзол над жртвите во август 2017 година, а во јули 2018 година, издал проценка за нивата загрозеност. Меѓутоа, целосен размер на злоупотреба се појавил дури во март 2020 години.

Сите седум години обвинетите ги негирале обвинувањата, но биле прогласени за виновни во 2023 година, по двемесечно судење на Вишиот суд во Глазгов.

Изрекувањето на казната беше одложено поради проценка на ризикот пред изрекувањето на доживотна забрана.

 

ИЗДВОЕНИ