Концертот на португалската пејачка Мариа Мендеш кој беше најавен за 25 март (во Националната опера и балет), а за кој претходно беше објавено дека ќе биде одложен, сепак ќе се одржи и тоа со хуманитарна цел. Средствата од продажбата на билетите ќе бидат донирани за семејствата на настраданите и повредените во Кочани.

„Ве известуваме дека концертот на Мариа Мендеш и Националниот џез оркестар кој беше претходно откажан, сепак ќе се одржи, но овој пат со хуманитарна цел. Средствата од продажбата на билетите ќе бидат донирани за семејствата на настраданите и повредените во Кочани. Во холот ќе бидат поставени и кутии за донации во кои ќе може дополнително да се донираат средства“, се вели во објавата на установата на нивната фејсбук страница.

Инаку, музиката на Мендеш претставува уникатна мешавина од џез и од португалска фадо музика, a нејзините изведби имаат добиено признанија од истакнати музички легенди како Квинси Џонс, Вејн Шортер и Хермето Пашкоал, кои ја опишуваат како џез-пејачка од највисок ранг.

 

ИЗДВОЕНИ