Во големата сала на Нацоналната опера и балет, на 26 февруари во 19:00 часот, ќе се одржи концертна промоција на пијаното „Feurich“, донација за Факултетот за музичка уметност – Скопје од Кочо Анѓушев, а во соработка со австриската Амбасада и амбасадорот Мартин Памер.

Ексклузивен гостин на вечерта ќе биде амбасадорот и промотор на македонската култура, Симон Трпчески, кој е алумнус на ФМУ – Скопје и ќе настапи со реномирани уметници и професори од ФМУ – Скопје.

Факултетот за музичка уметност е јадро на музичката едукација во земјата, со најдолга историја, која кадровски ги екипира најзначајните институции, столбови на македонската музичка култура: македонската Опера и балет, македонската Филхармонија, Националниот џез-оркестар, Битолскиот камерен оркестар, како и наставниот кадар за стручното и општо образование на сите нивоа во Републиката. Препознавањето на значењето на ФМУ – Скопје и поддршката се пресудни за понатамошниот квалитативен подем на музичката и на балетската сцена, како стожери на културниот развој во Македонија.

Настанот е со поддршка од НОБ и директорот Оливер Арсовски, како и од Пијано-центарот.

ИЗДВОЕНИ