Мандолинскиот орекстар „Скопје“, под диригентска палка на Рамадан и Ерхан Шукри, вечер ќе одржи Пролетен концерт во фоајето на Музејот на македонската борба. Концертот е посветен на трагичниот настан во Кочани.

Во рамките на програмата ќe бидат изведени композиции и оперски арии од В.А.Моцарт, Ж.Бизе, Ф.Тости, Љ.Бранѓолица, Ф.Лехар, Џ.Верди, Ф.Шуберт, Г.Коларовски, П.Маскањи, а како солисти ќе настапат оперските пејачи Михајло Арсенски-тенор, Александра Коцевска-мецосопран и Горан Начевски-баритон.

На влезот на Музејот ќе може да се донират по минимум 200 денари и сите средства, како што посочија од Мандолинскиот оркестар, ќе бидат наменети за настраданите во трагедијата во Кочани.

ИЗДВОЕНИ