Данскиот музички состав „Ефтеркланг“ ќе оджи концерт на отворено во културниот центар „Паблик рум“ на 1 мај. Настанот, кој е замислен како “пикник – концерт” ќе започне во 14 часот.

„Ефтеркланг“ е дански бенд составен од три пријатели од детство, Мадс Браусер, Каспер Клаусен и Расмус Столберг. На 27 септември 2024 година тие го објавија нивниот 7 студиски албум насловен како „Things We Have In Common” со што ја започнаа својата светска турнеја.

Инаку, документарниот филм за овој бенд кој одржува концерт во Македониумот во Крушево насловен „Efterklang: The Makedonium Band” во режија на Андреас Јонсен во кој свое продуцентско учество има и Младинскиот културен центар, беше премиерно прикажан во рамки на фестивалот „CPH:DOX” во Копенгахен, додека домашната премиера се реализираше во рамките на минатогодишниот филмски фестивал „Синедејс“.

ИЗДВОЕНИ