Компанијата Кожувчанка повторно ја изненадува јавноста со иновација и
новитет создавајќи ја првата апликација во Македонија која ве потсетува да се
напиете вода и да останете хидрирани во текот на целиот ден.
“Ние како Компанија секогаш ги слушаме потребите на нашите потрошувачи и дејствуваме за подобрување на квалитетот на нивниот живот. Живееме во ова брзо време што ни носи многу грижи, настани и предизвици со кои сите ние се справуваме, па често ни се случува да заборавиме на себе и своите потреби. Затоа ја создадовме Изворска Апликацијата која ќе ве потсетува во текот на денот дека треба да
бидете хидрирани! Таа е бесплатна за преземање, па ви посакуваме на сите – Со здравје користење.” – изјавија од Маркетинг секторот на Компанијата.
Како работи апликацијата?
Со користење на функцијата за скенирање на баркодот од Изворска етикетата,
апликацијата точно ќе го препознае количеството вода што ја пиете, и ќе ви
покаже колку литри уште треба да испиете за да ја достигнете дневната цел за
хидратација.
А, ова се нејзините основни карактеристики:
• Бесплатна и лесна за користење: Преземете ја апликацијата и започнете
веднаш!
• Персонализирана: Точно пресметува колку вода треба да пиете врз основа
на вашите лични потреби.
• Потсетник: Заборавивте да се напиете вода? Нема проблем – апликацијата
ќе ви испрати потсетување.
• Статистика: Следете го напредокот на вашата хидратација на дневно и
месечно ниво.
Изворска Апликацијата е достапна за преземање бесплатно на платформите
Google Play и App Store: app.izvorska.mk
Компанијата Кожувчанка и брендот Изворска продолжуваат да инвестираат во
иновации кои го подобруваат здравјето и квалитетот на животот на своите
потрошувачи, а оваа апликација е само еден пример за нивната посветеност.