Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски при вчерашната посета на фабриката, која произведува модули за речиси сите светски автомобилски компании, изјави дека „Костал“ е првата странска компанија што прифатила да го плаќа корпоративниот данок во земјава.
– Тоа се дополнителни средства во македонскиот буџет и очекувам во годините што доаѓаат да се развива соработката и да се отвораат нови работни места, да се зголемува извозот, да се зголемува девизниот прилив и да расте економијата. Владата е партнер на компаниите, изјави Николоски
Компанијата „Костал Македонија“, која работи во Охрид, а има германски сопственик прифатила во Македонија да го плаќа глобалниот корпоративен данок од 15 проценти. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, при вчерашната посета на фабриката, која произведува модули за речиси сите светски автомобилски компании, изјави дека „Костал“ е првата странска компанија која прифатила да го плаќа корпоративниот данок во земјава.
– Ова решение во понеделникот помина на Комисијата за економски систем при Владата. Сакам да се заблагодарам за општествената одговорност што ја има компанијата. Тоа се дополнителни средства во македонскиот буџет и очекувам во годините што доаѓаат да се развива соработката и да се отвораат нови работни места, да се зголемува извозот, да се зголемува девизниот прилив и да расте економијата. Владата е партнер на компаниите – изјави Николоски.
Тој присуствуваше на глобалниот состанок на добавувачи и логистика во рамки на групацијата „Костал“, каде што истакна дека ова е одлична можност за вклучување на домашните мали и средни компании.
– Мислам дека овој состанок е голема шанса за многу македонски мали и средни компании кои што можат да се вклучат во ланецот на снабдување на групацијата „Костел“, што значи отворање на дополнителни работни места, стимулирање на семејните бизниси, стимулирање на малите и средни бизниси и тоа може да значи потенцијално уште поголем економски развој. Ние заедно со тимот на „Костал“ разговараме и за проширување на инвестициите, што беше спомнато и од раководството. Тука сме да помогнеме со сето она што може да го направиме – истакна Николоски.
Директорот на „Костал Македонија“, Виктор Мизо, истакна дека независно од континуираните кризи во рамки на автомобилската индустрија, особено во Европа, фабриката продолжува со раст и развој и претставува најважната локација на групацијата на континентот.
– Најголем дел од она што се износите за инвестирање на годишно ниво во рамки на Групацијата изминатите две години тие се лоцирани токму овде во Охрид и тоа ќе продолжи и понатаму. Минатата година ја завршивме со 140 милиони евра извоз, а заради сите дополнителни инвестиции и развојни програми тука во Охрид, плановите за оваа година се дека ќе имаме извоз кој ќе надмине 200 милиони евра, што значи потенцијално раст над 50 проценти споредбено со минатата година – рече Мизо.
Како главни точки на кои треба да се работи со институциите на државата и тоа не важи само за „Костал“, туку за сите странски инвеститори, е хармонизирањето на царинските стапки за да се постигне исто ниво на конкурентност со сестринските компании во рамки на ЕУ, потоа поедноставувањето на процесите за добивање работни дозволи и визи за странците, потоа други работи поврзани со намалување на бирократските процеси, одредени непотребни административни постапки и слично.
Ланската година ја завршивме со над 1 милијарда евра директни странски инвестиции
Вицепремиерот Александар Николоски истакна дека лани, за првпат, директните странски инвестиции надминаа 1 милијарда евра и очекува овој тренд на зголемување да продолжи и оваа година.
– Податоците од Државниот завод за статистика кажуваат дека 2024 година ќе биде рекордна година по привлекување на странски инвестиции во смисла на нивната вредност. Ќе надминеме за првпат во историјата на Македонија над 1 милијарда евра, а оваа година очекувам истиот тренд да продолжи. Тоа не значи само нови инвеститори, тоа значи и зголемување на капацитетите на постојните инвеститори како на пример зголемувањето на капацитетот на компанијата „Костал“ и тоа е нешто што ќе продолжиме да го стимулираме како Влада – истакна Николоски.
Во рамките на глобалниот настан за добавувачи што се организира во Охрид во рамки на Групацијата Костал, Николоски истакна дека многу домашни мали и средни компании можат да се вклучат во ланецот на добавување што ќе значи проширување на нивниот капацитет, отворање на нови работни места и раст на севкупната економија. (С.Бл.)