Американскиот претседател Доналд Трамп жестоко го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски во објава на неговата социјална мрежа „Truth Social“.
„Замислете, скромно успешниот комичар Володимир Зеленски ги убеди Соединетите Американски Држави да потрошат 350 милијарди долари, да влезат во војна која не може да се добие, која никогаш не требаше да се започне, но војна што тој, без САД и Трамп, никогаш нема да може да ја реши. САД потрошија 200 милијарди долари повеќе од Европа, а европските пари беа позајмени, додека САД нема да добијат ништо. Зошто заспаниот Џо Бајден не побара баланс во оваа војна која е многу поважна за Европа отколку за нас? Имаме голем, прекрасен океан кој не разделува“, напиша Трамп, пренесува Индекс.