Колумбиската влада доцна вчера прогласи вонредна состојба низ целата земја поради зголемување на случаите на жолта треска.
Епидемијата резултираше со 74 потврдени случаи на инфекција и 34 смртни случаи од почетокот на минатата година, изјави министерот за здравство Гиљермо Алфонсо Јарамило, пренесува Ројтерс.
Јарамило рече дека најкритична е ситуацијата во Толима, во централно-западна Колумбија, каде што се откриени 22 случаи.
Жолтата треска е вирусна болест која се пренесува преку каснување од комарец.