Колорадо стана втората американска сојузна држава која ја легализираше психоделичната терапија, а апликацијата за овој вид третман ќе започне оваа недела, објави денеска АП.
Жителите на Колорадо гласаа на референдум во 2022 година за легализирање на терапевтската употреба на псилоцибин, хемиско соединение кое се наоѓа во психоделичните печурки.
Одлуката стапи на сила оваа недела и Колорадо стана втората држава по Орегон која ја легализираше употребата на псилоцибин за лекување на состојби како депресија и посттрауматско стресно нарушување (ПТСН).