Колона возила со часови заглавена кај Маврово/ФОТО

90

Голема колона возила вечерва е заглавена на патот Никофорово-Радика. Според информациите од луѓето кои се заглавени во возилата, колоната е долга десетина километри, а застојот трае веќе четири часа

Како што пренесе Телма, возачите се жалат дека резервоарите со гориво им се при крај, а полицијата ги пренасочува да се враќаат од кај селата Леуново и Никифорово, што е цел круг околу езерото, бидејќи велат нема услови за движење од другата страна. Меѓу заглавемите има е семејства со мали деца. Сведочат дека нема многу снег, но патот е лизгав.

Според првичните информациите од ЦУК се работи за застој поради голем број автомобили на тесниот пат. Од таму информираат дека има застој и на крстосницата Маврово-Кичево-Гостивар.

ИЗДВОЕНИ