Лондонскиот премиерлигаш Тотенхем се вклучи во трката по потписот на резервниот напаѓач од редовите на актуелниот шампион на Франција, тимот на ПСЖ, Коло Муани. Поранешниот фудбалер на Ајнтрахт од Франкфурт не е дел од плановите на Луис Енрика за вториот дел од сезоната, а популарните „петли“ сакаат прво да го позајмат, а потоа да преговараат за откуп на неговиот договор.