Коло Муани дебитираше со гол за Јувентус

27
EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Фудбалерите на Наполи излегоа победници од дерби пресметката со Јувентус во италијанската Серија А.

Избраниците на Антонио Конте славеа на стадинот „Диего Армандо Марадона“ со 2-1 и со тоа уште еднаш потврдија дека се сериозен кандидат за Скудетото.

Гостите од Торино го добија првиот дел и тоа благодарение на погодокот на засилувањето Коло Муани кој во дебито за „старата дама“ стрелаше во 43 минута. Меѓутоа вторите 45 минути минаа целосно во знакот на домаќините кои иницијативата ја крунисаа со два погодоци.

Одличниот Ангиса биеше прецизно со глава во 57 минута за 1-1, додека Лукаку во 69 го реализираше ударот од 11 метри (ОВДЕ можете да ги погледнете головите)

Нови промени до крајот немаше, па така Наполи сега 53 бода или 6 повеќе од второпласираниот Интер со тоа што шампионот има два меча помалку од лидерот на табелата.

ИЗДВОЕНИ