Колку заработи Еурофарм Пелистер од настапот во Лигата на шампионите?

755

Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер и покрај тоа што не се пласираше во нокаут фазата од Лигата на шампионите, добро ја наполни кпупската каса.

По фиксните 140.000 евра (10.000 евра по натпревар), „зелено-белите“ освоија осум бода, што значи уште 40.000 евра (5.000 евра носи секој бод во групата). Вкупната сума која ќе легне на сметката на клубот од ЕХФ е 180.000 евра.

Еурофарм Пелистер е меѓу најгледаните екипи во Лигата на шампионите. Заедно со Веспрем, ПИК Сегед и Нант, е во групата на клубови со скоро исполнет капацитет на домашните натпревари. И играчки Еурофарм Пелистер дава неколку ракометари на врвот на листите. Кузмановски е меѓу најдобрите стрелци и поентери (голови и асистенции) во Лигата на шампионите, а Митревски е меѓу најдобрите голмани. Во одредени кола блеснаа и Радивојевиќ и Тајник, кој добиваа признанија од Медиа-тимот на ЕХФ.

 

ИЗДВОЕНИ