Иако загуби два меча на „Слемот на шесте кралеви“ во Ријад, Рафаел Надал беше централна фигура на тоа тениско натпреварување. Еден од најголемите тенисери во историјата најави дека Дејвис купот во Шпанија ќе му биде последно натпреварување во блескавата кариера. На церемонија во Саудиска Арабија по мечот со Ѓоковиќ, на Надал му беше врачен златен рекет во природна големина.

Него му го предаде организаторот на турнирот Турки Ал Шеик, а медиумите открија дека рекетот од чисто злато тежи околу три килограми и вреди приближно 250.000 евра.

Саудијците подготвија рекордни награди за шесте учесници на турнирот, па секој од нив при пристигнувањето доби по 1,5 милиони американски долари. Победникот на „Слемот на шесте кралеви“, првиот светски тенисер Јаник Синер, за првото место доби шест милиони долари.