Колку вредат солзите на Селена Гомез: Критиката упатена до политиката на Трамп ја чинеше над 700.000 следбеници само на Инстаграм

588

Мексиканско-американската пејачка и актерка Селена Гомез изгуби повеќе од 700.000 следбеници само на Инстаграм во последните 30 дена, откако предизвика бурни реакции поради видеото во кое ја осудува политиката за имиграција на претседателот Доналд Трамп, како и негативните критики нејзиниот филм „Емилија Перез“.

Иако Гомез останува најследената жена на Инстаграм со 422 милиони следбеници, нејзиниот број на следбеници е намален за 707.880 во последниот месец, објави британски „Дејли мејл“.

Во видеото кое брзо го избриша, Гомез плаче додека зборува за политиката на масовно депортирање.

 

Реакциите на нејзиното видео беа различни, а многумина ја критикуваа дека не ги користи своите средства за поконкретно да им помогне на мигрантите.

Дополнително, нејзиниот филм „Емилија Перез“ доби негативни критики и покрај големиот број номинации за Оскар, а актерката беше критикувана за нејзината изведба.

Многу нејзини следбеници изразија незадоволство, а анализата на податоците покажува дека таа изгубила повеќе од 800.000 следбеници низ сите социјални мрежи во последниот месец.

Како што претходно беше објавено, Гомез објави, а потоа избриша видео на Инстаграм на кое емотивно реагира на острите мерки против мигрантите, кои резултираа со апсење на повеќе од 1.000 луѓе.

На видеото таа, плачејќи, вели дека „сите членови на нејзиниот народ биле нападнати“. Гомез додаде дека не го разбира сето тоа, особено кога се во прашање децата.

Десничарката Томи Ларен ја нарече пејачката идиот во објава на X.

„Ова е причината зошто не прифаќаме политички совети од детските ѕвезди на „Дизни“, додаде таа.

Гомез потоа рече дека „очигледно не е во ред да се покажува емпатија кон луѓето“.

Селена ја поддржа Камала Харис за време на изборната кампања.

ИЗДВОЕНИ