Денеска (7 март) ќе започне да се емитува серијата на „Нетфликс“ за Формула 1 – „Вози до преживување“, а во центарот на вниманието ќе биде минатогодишниот скандал со шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер.

Минатата сезона започна со скандал во кој Кристијан Хорнер беше обвинет за сексуално вознемирување на неименувана работничка во тимот. Обвиненијата беа отфрлени, а во август беше отфрлена и внатрешна жалба од вработената во Ред Бул, и покрај тоа што некои пораки и фотографии беа објавени во јавноста.

Во видеото, објавено како најава за новата сезона на серијата на „Нетфликс“, Хорнер зборуваше за турбулентниот почеток на минатата сезона.

  • Колку сте поуспешни, толку се поостри ножевите. Го достигнав врвот на мојата кариера, но никогаш не сум имал ваков предизвик. Ова е клучен момент од сезоната во бизнисот со кој се занимавам, кога вие сте првото лице на организацијата. Можете да се скриете или да се соочите со сето тоа, вели Хорнер.

Во видеото се појавува и сопругата на Хорнер, поранешна членка на „Спајс грлс“. Во еден дел се слуша коментарот на Хорнер за шефот на Мекларен, Зак Браун, кој повика на транспарентност во истрагата за Ред Бул.

  • Вака дознаваш кој е твојот пријател, нели? „Зак е пи*ка, ќе го пребродам ова, се слуша гласот на Хорнер.

По првата трка сезоната и победата на Макс Верстапен, како и второто место на Серхио Перез, Хорнер им одговори: „Ова е најдобриот начин да ги убиете сите“.

Кон крајот на видеото, Хорнер вели и дека целта на целата приказна била тој да го напушти Ред Бул.

ИЗДВОЕНИ