Колку и да му помогнал Горан Бреговиќ, победникот на „Сан Ремо 2025“ нема да пее на Евровизискиот избор во Швајцарија

198

Федерико Оливиери-Оли, се предомисли!

Иако овогодишниот италијански фестивал „Сан Ремо“ тивко заврши, сепак не можеше да остане без скандали. Ама, откако се изгаснаа рефлекторите. Без разлика на тоа што победи пејачот Оли, во соработка со многу познатиот Горан Бреговиќ, тој нема да је претставува Италија на „Песна на Евровизија 2025“, во Швајцарија. Едноставно, без официјално известување Оли се откажа, се премисли. Италијанскиот претставник на Евровизија ќе биде второпласираниот од „Сан Ремо“, пејачот Луџо Корси, со песната „Volevo essere un duro“. Веста ја потврди и Италијанската телевизија Раи, а Корси изрази многу радост.

Луџо Корси се смета за еден од најдобрите и многу слушани пејачи на италијанската канцона. Пее песни кои се комбинација на италијанскиот фолк и рок. Роден е во Тоскана во семејство на мајка сликарка и татко занаетчија.  Има издадено три студиски албуми, а најави и четврти. Неговиот прв албум „Bestiario Musicale“ излезе во 2017 година, по што следеа „Cosa faremo da grandi?“ во 2020 и „La Gente Che Sogna“ во 2023 година. Новиот албум „Volevo essere un duro“ ќе биде објавен пред самата Евровизија. Италија, како дел од „Големата петка“, има загарантирано директно место во финалето на фестивалот. Тоа значи дека Корси ќе пее на 17 мај, додека пред тоа двете полуфинални вечери се закажани за 13 и 15 мај.                                          Македонија и оваа година не учествува на Евровизија! Жално.   Д.М.

 

ИЗДВОЕНИ