Коледарчињата ќе бидат дарувани со бадникови пакетчиња

22

Општина Ѓорче Петров годинава повторно ќе биде домаќин на дечињата што ќе учествуваат во бадниковата поворка и што ќе донесат голема радост пред христијанскиот празник Божик, раѓањето на Синот Божји – Господ Исус Христос.

Дечињата со весели коледарски песни ќе го најават празнувањето на големиот ден во христијанството и ќе бидат дарувани со бадникови пакетчиња, како што е традицијата.

Учесниците од Ѓорче Петров ќе се соберат на 6 јануари 2025 година во 10:00 часот, пред Општина Ѓорче Петров, по што, со организиран автобуски превоз, ќе продолжат кон Градскиот плоштад и ќе се соединат со сите други учесници од другите општини. По завршување на поворката, децата ќе бидат вратени во Општина Ѓорче Петров со организиран превоз.

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, ги повика граѓаните што имаат желба да се придружат, со своите дечиња да бидат дел од бадниковата поворка и, како што вели, заеднички да се радуваме на денот што ни доаѓа, кога Божјата светлина го огреа светот.

– Да продолжиме на ваков начин да ги негуваме вековните традиции, нашите христијански вредности и, во духот на заедништвото, да ги славиме овие празници заедно и сплотени – потенцираше Стојкоски.

 

ИЗДВОЕНИ