Српскиот селектор Игор Кокошков, кој го освои Европското првенство со Словенија, би можел да се врати во европската кошарка. По сезоната 2023/2024, каталонскиот гигант Барселона ја прекина соработката со Роџер Гримау, а, како што пренесуваат шпанските медиуми, во трката за нов тренер се вклучил и Кокошков.
Пред неколку дена, како прва опција за клупата на Барселона се споменуваше Димитрис Итудис, се шпекулираше и за Хуан Пењароха, а сега наводно се воспоставени контакти и со српски стручњак од НБА- лигата.
Кокошков моментално е во стручниот штаб на Атланта, а во текот на кариерата се обиде и во европската кошарка. Беше и селектор на Грузија и на Словенија.