Компанијата „Remitly“ истражуваше кои се најпосакуваните земји за преселба во 2025 година, а на прво место се најде Исланд.
Во спроведеното истражување, 82 земји беа оценети според 24 клучни фактори, како што се јавниот превоз, вработувањето, трошоците за живот и среќата на населението, а добиените податоци открија дека Исланд е најпосакуваното место за преселба во 2025 година.
Островот, познат по својата импресивна природна убавина со 58,4 поени од можни 100, е идеална дестинација за оние кои размислуваат да се преселат во друга земја.
Инаку, Исланд неодамна беше прогласен за најбезбедна земја во светот, како и трета најсреќна и трета најопуштена земја во светот.
Главниот град, Рејкјавик, е дом на околу 140.000 луѓе, и иако е помал од светските метрополи има опипливо чувство на заедница и пријатна атмосфера, која ќе ја најдете во малите, шармантни кафулиња, како и во пространите ресторани. Покрај тоа, сите главни атракции во градот се на само неколку минути пешачење, што го прави многу достапен.
Со сето горенаведено, висината на просечната плата е само дополнителен бонус што ја прави оваа земја толку привлечна. Имено, Исланд и натаму е високо на листата на земји кои обезбедуваат најдобри услови за живот и работа, а просечната плата е околу 4.500 евра.
Исланд нуди и бројни можности за истражување на природната убавина. Полуостровот Снефелснес е волшебен регион во Западен Исланд, исто како и Златниот круг, позната рута која вклучува водопади, гејзери и геотермални извори и која привлекува многу туристи.
Инаку, Швајцарија е на второто место на листата на најпосакувани земји за преселба со 55,8 бодови, додека на третото место е Луксембург со 55,7 бодови. Во првите 10 земји се и Норвешка, ОАЕ, Ирска, САД, Данска, Холандија и Австралија.