Која е најздравата замена за кафе?

76

Доколку барате здрава алтернатива за кафето која ќе ве разбуди без несакани нуспојави, цикоријата би можела да биде идеалното решение. Овој древен напиток, кој се добива од коренот на растението крес (Cichorium intybus), со векови се користи како замена за кафето, а денес доживува вистинска ренесанса поради многубројните здравствени придобивки.

Цикоријата има богат вкус кој потсетува на кафе, со мала нота на јаткасти плодови. Кога коренот на цикоријата се пече и се подготвува како пијалок, создава арома многу слична на вистинското кафе, но без кофеин. Ова го прави идеален за луѓе кои сакаат да го намалат внесот на кофеин или целосно да го исфрлат од исхраната и не сакаат да се откажат од задоволството од утринскиот топол пијалок.

За разлика од класичното кафе, цикоријата е вистинска ризница на хранливи материи. Содржи важни витамини како А, Б1, Б6, Ц, Е и К и минерали како цинк, магнезиум, манган, калциум, железо и калиум. Таа е особено богата со инулин, природен пребиотик кој игра клучна улога во одржувањето на здравјето на дигестивниот систем.

Една од најважните придобивки на цикоријата е нејзиниот ефект врз кардиоваскуларниот систем. Редовното консумирање може да помогне во регулирање на крвниот притисок и намалување на нивото на холестерол во крвта.

Благодарение на своите антиинфламаторни својства, цикоријата помага да се намали воспалението во телото, што е особено корисно за луѓето со артритис и други воспалителни состојби.

Ефектот на цикоријата врз стресот и анксиозноста е особено интересен. За разлика од кафето, кое може да го зголеми чувството на немир и нервоза, цикоријата има благо седативно дејство кое помага да се релаксираат телото и умот.

Овој природен напиток може да се конзумира и навечер бидејќи не го нарушува сонот, туку напротив – може да помогне за подобрување на квалитетот на сонот.

Цикоријата можете да ја пиете во секое време од денот, но таа е особено популарна како утринска напивка. Се подготвува едноставно, слично како класичното филтер кафе – една лажица мелена цикорија прелијте ја со топла вода и додадете млеко или засладувач по желба. Многу луѓе го консумираат попладне или навечер, кога сакаат топол пијалок кој нема да им го наруши ноќниот одмор.

Важно е да се напомене дека иако цикоријата е генерално безбедна за консумирање, бремените жени и доилките и луѓето со жолчни камења треба да се консултираат со лекар пред да ја вклучат во нивната дневна рутина. Исто така, луѓето кои се алергични на растенија од семејството на горси треба да бидат внимателни бидејќи може да развијат алергиска реакција, пишува Stylecraze.

 

ИЗДВОЕНИ