Која е мистериозната жена покрај Трамп за време на говорот?

521
EPA-EFE/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH

И додека целиот свет внимателно го слушаше секој збор од победничкиот говор на Доналд Трамп откако Фокс њуз ја објави неговата победа на претседателските избори, жената која стоеше до него и Мелани Трамп заинтригира многумина.

Станува збор за Лара Трамп, сопругата на Ерик Трамп и еден од најжестоките политички оперативци на Доналд Трамп, која се прослави во јавноста појавувајќи се на бројни телевизии каде што го бранеше својот свекор и неговата политика.

Лара Трамп е родена на 12 октомври 1982 година. По шест години врска, таа се омажи за Ерик Трамп во 2014 година, со кој има две деца. Таа е поранешен телевизиски продуцент кој благодарение на нејзиниот свекор се приклучи на Републиканскиот национален совет. Во повеќе наврати таа го опиша Трамп пред гласачите како грижлив дедо на нејзините две деца, кои ги има со средниот син на претседателот, пишува Би-Би-Си.

Лара Трамп работеше како коментатор за Fox News, радиодифузер познат по тоа што го поддржува Доналд Трамп, се додека не објави дека повторно ќе се кандидира за Белата куќа.

Имено, Fox News има строго правило дека нивните соработници не смеат да бидат платени доколку учествуваат во кампања за јавни функции и поради тоа морале да ја прекинат соработката со неа, пишува Variety.

Ова ќе биде втор мандат на Доналд Трамп во Белата куќа, имајќи предвид дека оваа функција ја извршуваше од 2016 до 2020 година, кога во Белата куќа беше сменет од актуелниот претседател Џо Бајден.