Која е контровезната пејачка Ивана Штрбац? Дома спијам со гуштерот, а посакувам да пеам на Евровизија

71

“Посакувам уште. Да имам свој стан, полн со разновидни работи, да имам добри пријатели, здраво семејство и секако да пеам. Сакам добар сопруг, не мора да е физички убав, само да е добар да ме сака и почитува.  Сега, во овој миг немам момче. Распишувам конкурс!“

На малите екрани не ја гледаме прват. И ако овие денови е често прсутна се поради учеството на Српскиот избор за “Песна на Евровизија 2025“. Таа влезе во финалето со песната „Ла, ла, ла“, напишана од Анѓелина и Иван Франовиќ. Песната носи порака за пронаоѓање светлина во тешки времиња, а пејачката Ивана истакна дека преку музиката се спасува со излезот од темнината.   Имаше силен настап: со сценски ефекти, со секси костим кој го привлече вниманието на публиката и новинарите. За време на натпреварот не беше интересна само за публиката, туку и на жирито, меѓу кои особено кај пејачката Александра Радовиќ, која и даде грст комплименти и пофалби.

Ивана, сега живее во Белград, и сака да направи успешна музичка кариера. Инаку е од Нови Сад каде што е родена во 1992 година.

Уште како девојче покажала силна љубов кон музиката. Првата сериозна можност да го покаже својот талент пред пошироката публика ја добива на натпреварот “Први глас Србије“… Овој настапа за Ивана беше нејзин влез во светот на музиката. Продолжи да го гради својот свет на музиката. Сепак најдобро ја памтиме по учеството во реалното шоу “Survivor“.  – Првпат бев на таквото натпреварување и се ми беше ново, но уживав во тоа. Дома вежбам секој ден да преживеам, вели насмеаната Ивана.

Ивана е позната и по своите  емотивни настапи, а песните кои ги пее се комбинација на традиционални и модерни поп елементи.

-Моите соништа се скоро исполнети.Тоа се ситни нешта. Имам  сега свој плакар со мои работи, да не мора да ги позајмувам работите од  сестра ми. Моите желби не застануваат тука. Посакувам уште. Да имам свој стан, полн со разновидни работи, да имам добри пријатели, здраво семејство и секако да пеам. Сакам добар сопруг, не мора да е физички убав, само да е добар да ме сака и почитува.  Сега,  во овој миг немам момче. Слободно распишувам конкурс! Една од тие моите е желби е секако и да направм евровизиски успех. Затоа се пријавив на домашниот избор.

Имам и една чудна фасцинантна желба. Ги сакам рептилите! И не само тоа. Јадам и бубачки, ги пробав додека бев во прашумите во Јужна Америка, во реланото шоу за преживување.

–  Отсекогаш сум сакала да ги пробам да го почувствувам вкусот. Дури ми ги испратија од Тајланд. За жал, скорпијата што патуваше за Србија, за Нови Сад се расипа, но сепак јас ја изедов. Добро е што преживеав, хахахахааа….. Нејзината вродена љубов кон рептилите трае уште од детството, а отсекогаш сакала дома да има и змија. Меѓутоа, родителите ја советувале прво да земе гуштер,  да може да се навикне на ваквите необични домашни миленичиња.

– Бебе гуштер, ми беше мојата прва љубов. Неразделна сум со гушерот. Со него живеам и сега, еве веќе седум години, вели широко насмеаната Ивана.

Гуштерот брзо се приспособи на неа и не бара преголема грижа, што и одговара поради честите патувања.

-Гуштерите не бараат голема ангажираност, можат да останат без храна неколку дена, што е идеално. И најважно е тоа што никогаш не ме каснал, верен ми е како пес.        И кога спијам ноќе пополека доаѓа до мене, мирен е, и тој спие и сигурно нешто убаво сонува. Таков е мојот живот. Со гуштерот!    Д.М. фото:архива

 

ИЗДВОЕНИ