Доналд Трамп стана 47-ми претседател на САД, а покрај сопругата, првата дама Меланија Трамп, јавноста е воодушевена од изданието на ќерката на претседателот Иванка Трамп, која на инаугурацијата се појави цела зелена.
Иванка Трамп за оваа церемонија избра темнозелен комплет со најмодерниот крој на сако во моментов – врзано околу половината, и беретка во истата нијанса.
Како и Меланија, и Иванка ги воодушеви модните критичари со стајлингот одбран за оваа пригода.
Како аксесоари носеше црни кожени ракавици, а во раката чанта Диор, за која Дејли Меил наведува дека се продава за 5.900 долари или 5.660 евра.
Станува збор за модел на чанта Black Cannage Grained Calfskin, која одлично се вклопи со облеката на оваа дама.
Иванка присуствуваше на инаугурацијата на нејзиниот татко со своето семејство; со нејзиниот сопруг Џаред Кушнер и нивните три деца.
Ivanka Trump attends the inaugural ceremony with her family.
— Geopolitics Observer 🌐 (@Geopoliticsob) January 20, 2025