Поранешниот НБА-кошаркар, Мајкл Бисли, проговори за тешките моменти од својот живот. Поранешниот кошаркар на Лејкерс откри дека се соочува со голема кражба на пари од најблиските луѓе во својот живот.

Тој се спореди со еден кошаркар, кој заврши на улица, по кариерата, иако еднаш ја делеше соблекувалната со Леброн Џејмс. Тоа е Делонте Вест.

Бисли отворено кажа дека би можел да стане како него, целосно без пари и, можеби, да почне да живее на улица.

  • Бев соочен со две зла во исто време. Морав да изберам дали да дозволам да продолжи вака и да не им кажам затоа што се мое семејство или да се распаднам и да кажам дека немам семејство – започна Бисли во солзи.

Тој истакна дека долго време не можел да најде добри луѓе околу себе, кои ќе го поддржат.

  • Уморен сум. Не познавам човек што не ми украл нешто во одреден момент. Сите, освен моите деца, крадеа од мене. Мајка ми ме украде. Дали треба да завршам како Вест за да ми помогнат? – праша Бисли во еден поткаст.

Мајкл Бисли влезе во НБА во 2008 година, како втор пик на драфтот, а го избра Мајами. Таму остана само две години. Потоа играше уште две години за Минесота, потоа година и пол за Феникс и повторно за Мајами. Потоа отиде во Шангај, па се врати во Мајами, но не се задржа долго. Подоцна се врати во Кина, но во Шандонг голден старс, а потоа четири години играше во НБА, каде што промени неколку тима.

Сепак, и покрај големата заработувачка во текот на кариерата, очигледно има огромни финансиски проблеми и  може да прогласи банкрот на 36 години.

ИЗДВОЕНИ