Претседателот на Сојуз на синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов, првоаприлски се пошегува на сметка на пратеникот Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ. Во објавата споделена на профилот на Трендафилов, тој напиша: „Мислам дека сме најдобри другари, или не сме“.
Објавата е споделена и на профилот на Сојуз на синдикатите на Македонија со коментар.
– Не се другари, Слободан се бори за зголемување на плати, Бране се бори против Слободан, ССМ и работниците – напишаа од ССМ.
Петрушевски изминатите денови упати низа обвинувања кон синдикалните лидери покажувајќи кој и колкави плати земаат.
По шегата на негова сметка, Петрушевски му врати на Трендафилов со зборовите: Можам да ти бидам само непријател!
– Синдикалецот на батерии Трендафилов за 14 месеци инкасирал 1.688.000 денари! Ова не е априлилили. Пријател со претставници на трулата комунистичка буржоазија, кои семејно си ги наследуваат функциите во синдикатот, за само да си ги полнат џебовите, не може да бидам. Само непријател! – напиша Петрушевски.