Кој ќе биде новиот амбасадор во Париз, а кој ќе го наследи Фрчковски во Њујок?

Почнуваат консултациите за пополнување на местата во конзулатите

32

Шефот на дипломатијата Муцунски најави дека отпочнува процесот на консултации за именување на амбасадори и пополнување на дел од амбасадите и генералните конзулати со персонал и додава дека иако нема амбасада или конзулат кој не е приоритет, но сепак ги издвои Париз, Постојаната мисија на ОН…

-Точно е нашата мрежа не е огромна, имаме средна, веројатно и соодветна дипломатска мрежа на ДКП, но не смееме да оставаме ниедно ДКП празно бидејќи статусот на ДКП-то кога има амбасадор или генерален конзул е помоќен отколку ако има само вршител на должност. Секако би издвоил дека ние се уште немаме амбасадор во Париз, Франција е значајна земја. Како што знаете испразнета ни е постојаната мисија со враќањето на амбасадорот Фрчкоски, испразнета ни е и позицијата во ОН, но ќе повторам нема земја која што не ни е значајна, рече Муцунски.

Кој е новиот македонски амбасадор во Франција, а кој ќе го наследи Љубомир Фрчкоски кој цво август се повлече од функцијата постојан претставник на Македонија во Обединетите Нации во Њујорк, ќе се дознае наскоро. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во интервју за МИА најави дека отпочнува процесот на консултации за именување на амбасадори и пополнување на дел од амбасадите и генералните конзулати со персонал. Вели, дека иако нема амбасада или конзулат кој не е приоритет, но сепак ги издвои Париз, Постојаната мисија на ОН…

-Точно е нашата мрежа не е огромна, имаме средна, веројатно и соодветна дипломатска мрежа на ДКП, но не смееме да оставаме ниедно ДКП празно бидејќи статусот на ДКП-то кога има амбасадор или генерален конзул е помоќен отколку ако има само вршител на должност. Секако би издвоил дека ние се уште немаме амбасадор во Париз, Франција е значајна земја. Како што знаете испразнета ни е постојаната мисија со враќањето на амбасадорот Фрчкоски, испразнета ни е и позицијата во ОН, но ќе повторам нема земја која што не ни е значајна, рече Муцунски.

Тој информираше дека се прави план за распределба на дипломати внатре од Министерството за надворешни работи кои треба да бидат упатени во следниот период во дипломатско-конзуларните претставништва и дека има начелна согласност и со претседателката и со претседателот на Владата дека ќе отпочне процесот на консултации за именување на амбасадори и пополнување на дел од амбасадите и генералните конзулати каде што се испразнети или наскоро ќе бидат испразнети од највисоките функции.

Министерот посочува дека кога новата Влада ги наследила состојбите во институциите видела дека има несоодветна распределба.

-Прво, на кадарот во Министерството за надворешни работи по нашите дипломатско-конзуларни претставништва. И како најкласичен пример го давам фактот што имаме само двајца дипломати во нашата амбасада во Вашингтон, амбасадор плус уште еден помлад дипломат, во земја која е наш стратешки партнер и која што негуваме одлични односи не само во политиката туку и во делот на одбранбената и безбедносната политика, во делот на економијата и сите оние други прашања. Вклучително ова е и држава каде што имаме и голема дијаспора.

Претходно амбасадорот Фрчковски се повлече од функцијата, откако претходно беше повикан на разговор во МНР за наводни финансиски нерегуларности во работењето на претставништвото. Тој беше амбасадор и постојан претставник на Македонија во ОН од 2021 година.