Ракометната федерација на Македонија на првиот ден од наредниот месец ќе го одржи редовното Изборно собрание, на кое меѓу другото ќе се бира и нов претседател.
Првиот човек на најуспешната спортска федерација Живко Мукаетов, по два мандати заминува од претседателската позиција на РФМ. Додека тој е на функцијата, машката ракометна селекција бележеше големи успеси и ниеднаш не пропушти големо натпреварување.
„Врз основа на член 23, а во согласност со член 28, 30, 32, 34 и 35 од Статутот на РФМ, Управниот одбор донесе Одлука за одржување на Изборно Собрание на Ракометна Федерација на Македонија на ден 01.03.2025 година, со почеток во 12.00 часот во просториите на Советот на Град Скопје“, стои во соопштението на РФМ.
Собранието ќе се одржи во просториите на Советот на град Скопје, со почеток од 12:00 часот, а покрај изборот на нов прв човек на федерацијата на дневен ред ќе бидат уште дванаесет точки.
Првиот човек на РФМ, Живко Мукаетов, по два мандати заминува од претседателската позиција. Наследникот би требало да се бара во имињата на Александар Стефанов, кој претходно ја поднесе кандидатурата или Драган Начевски, кој исто така најавија дека ќе поднесат кандидатура за прв човек на македонскиот ракомет |
Во време на првиот човек на компанијата „Алкалоид“, машката ракометна репрезентација на Македонија постигна значајни успеси и учествуваше на сите големи натпреварувања, а се направија и сериозни успеси и во женскот ракомет како и на младинските национални тимови.
Наследникот на Мукаетов би требало да се бара во имињата на Александар Стефанов, кој претходно на состанокот на Управниот Одбор на РФМ официјални ја поднесе кандидатурата за прв човек на македонскиот ракомет или Драган Начевски, кој исто така најавија дека ќе поднесат кандидатура за столчето на Мукаетов.
-Иако сум млад по години, сметам дека со искуството кое го имам во РК Бутел и од Управниот Одбор, верувам дека со напорна работа и соработка со луѓето околу мене ќе дадам придонес за уште поголем напредок во ракометот, кажа првиот човек на РК Бутел, на претходниот Управен Одбор на РФМ, непосредно пред настапот на сениорската репрезентација на Македонија на Светското првенство.