Кој би сакале да го видите како следниот Џејмс Бонд? – тоа прашање им го постави извршниот директор на Амазон Џеф Безос на своите следбеници на Х, кои ги има повеќе од шест милиони.
Тој го постави прашањето во неделата кога беше откриено дека креативната контрола врз франшизата Бонд, по толку децении, преминува во рацете на Амазон.
Желбата на фановите е Хенри Кавил
Џеф Безос сега ќе го има последниот збор кога е во прашање новиот Бонд. Изборот на наследникот на Крег сега е една од најголемите одлуки што студиото Amazon MGM ќе треба да ги донесе во иднина, пренесува 24sedam.
Ако Amazon ја донесе оваа одлука само врз основа на желбата на обожавателите, тогаш следниот Бонд ќе биде Хенри Кавил.
Покрај Кавил, поранешните следбеници на Безос на Твитер во улогата на новиот Бонд би сакале да ги видат Том Харди, Арон Тејлор-Џонсон и Идрис Елба.
Џејмс Нортон е миленик на обложувалницата
Откако Amazon ја објави веста, обложувалниците веќе објавија нов фаворит. Станува збор за актерот Џејмс Нортон. Тој самиот не мисли дека е „роден“ за оваа улога и смета дека оваа вест е многу „смешна“.
Марк О’Конел, автор на „Catching Bullets: Memoirs of a Bond Fan“, изјави за Би-Би-Си дека верува оти Amazon, и кој и да биде избран за нов режисер на познатата франшиза, ќе избере помлад актер, за разлика од претходните избори.
Том Харди би бил одличен
„Том Харди би бил одличен, но мислам дека е премногу стар“, вели овој добар познавач на сите работи околу франшизата Бонд. Тој изрази надеж дека авторите на новиот Бонд ќе останат верни на „британската ДНК“.
Who’d you pick as the next Bond? pic.twitter.com/u7nBaRROlf
— Jeff Bezos (@JeffBezos) February 20, 2025
Во минатото Бонд го играа двајца небритански актери: Австралиецот Џорџ Лазенби и Ирецот Пирс Броснан.
Така, не треба да се исклучи можноста на потесниот круг да се најдат и други ирски актери како Пол Мескал, оскаровецот Килиан Марфи или Австралиецот Џејкоб Елорди, пишуваат некои светски медиуми.
Синтија Ериво како таен агент 007
Сега кога правилата на играта се сменија, многумина се прашуваат дали новиот Бонд би можел да биде американски. Ако тоа се случи, многумина го гледаат Остин Батлер во таа позиција.
„Џејмс Бонд може да биде во која било боја, но тој е маж“, рече сега поранешната продуцентка Барбара Броколи во 2020 година.
Доколку Безос одлучи да го прекрши правилото на Броколи и да избере жена, Синтија Ериво би била логичен избор, тврдат некои медиуми.
Останува да го почекаме следниот потег на Amazon и конечно да го дознаеме името на новиот Бонд.