Кој има повеќе пари, Џеј Ло или Бен Афлек? Една работа му пресуди на нивниот брак!

1285

По неколкумесечни шпекулации, сега е и официјално – познатата двојка „Бенифер“ стави точка на бракот.

Светот не беше многу изненаден од веста дека Џенифер Лопез и Бен Афлек се разведуваат бидејќи за тоа се шпекулираше изминативе месеци, а според документите до кои дојде американскиот TMZ, пејачката поднела барање за развод без адвокат на денот на нивното втора годишнина од брак, 20 август. Откриено е дека парот се разделил на 26 април, неколку дена откако биле видени со 12-годишниот син на Афлек, Семиел на натпревар.

Меѓутоа, сега станува збор за поделба на имотот, нивните деловни менаџери работат на тоа сè да оди во најдобар ред…

Сепак, кој имал повеќе пари во оваа врска?

Според Celebrity Net Worth, Џеј Ло собрала нето вредност од околу 400 милиони долари во текот на нејзината кариера долга три децении.

Таа ја започна својата кариера како танчерка, со своето телевизиско деби како „Fly Girl“ во скеч хумористичната серија „In Living Color“ во 1991 година. Освен со глума, таа е и пејачка, а позната е и по тоа што со албумот „J.Lo, This Is Me… Then, Rebirth“ и други изданија и даде бројни хитови на музичката индустрија.

Нејзините други потфати вклучуваат бренд за животен стил, козметичка и модна линија, парфеми, продукциска компанија и добротворна фондација.

Од друга страна, Афлек, кој е во индустријата околу четири децении, се проценува дека има нето вредност од 150 милиони долари. Најголем дел од своето богатство го заработи со снимање филмови и како актер и како продуцент.

Инаку, од 17 мај годинава Џенифер и Бен живеат одвоено, а изворот тогаш откри дека нивниот брак е на „климави“ нозе.

Во јуни, гласините за разделба станаа посилни кога Бен Афлек го стави нивниот дом на продажба. После тоа, Бен купил куќа во Лос Анџелес вредна 20,5 милиони долари.

Според извештаите, новата линија на коктели на Џенифер Лопез била последната капка во нивната врска бидејќи го предизвикала Бен, кој има историја на проблеми со алкохолот.

Извор близок до парот тврди дека новиот бренд на алкохол на пејачката е причината за нејзината разделба со сопругот.

Бидејќи Бен се опоравува и се обидува да се отрезни, марката алкохол на Џенифер, Delola, се сметаше за навреда за неговата борба со зависноста од алкохол и удар за неговата трезвеност.

Многу извештаи сугерираат дека парот не бил виден во јавноста заедно од април, а Џенифер исто така го прославила својот роденден на 24 јули без Бен.