Кој го уништил пиштолот со кој убивал Палевски?

1398

На денешното судење за двојното убиство на Вања и Панче обвинетиот Велибор Манев на прашања на судот објасни како НН лице го уништил клучниот доказ, пиштолот со кој Љупчо Палевски ги убил жртвите.

– На 30-11 ми се јави Палевски на пат за Турција и ми рече да му се јавам на лицето и да му кажам да го исфрли односно уништи синиот ранец во кој беа трите мотороли и пиштолот. Лично не го видов човекот, тој од претходно го земал ранецот од партија, јас само ја пренесов наредбата на Палевски, објасни Манев кој го крие идентитетот на личноста која уништила доказ и со тоа сторила кривично дело.

Надлежните обвинителки велат дека тие имаат теорија и ја докажуваат и без пиштолот како доказ, а за околноста дека Манев не го открива лицето кое го уништил пиштолот и моторолите велат дека тоа е негова одлука. Денеска изостана прашањето од страна на судијата Ивица Стефановски до Манев за кој човек станува збор. На претходното рочиште Велибор рече дека не сака да го открие бидејќи бил семеен човек и воопшто не соделувал со групата во сторување на кривичните дела. Судијата Ивица Стефановски даде пауза по што треба да сведочи обвинетиот Боре Видевски. (П.А.)

Боре каратистот негира вина

ИЗДВОЕНИ