Кој е избраниот мандатар за состав на новата влада на Република Србија

1923

Професорот д-р Ѓуро Мацут, ендокринолог и едно од најголемите имиња во светската медицина е во Иницијативниот комитет за формирање на Движењето што го најави претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, јавува Танјуг.

Роден е во Белград. Дипломирал, магистрирал и докторирал на Медицинскиот факултет во Белград, каде што е редовен професор.

Тој беше специјализиран за репродуктивна медицина и биологија на Универзитетот во Женева и Светската здравствена организација. За време на студиските престои бил во Универзитетската болница во Упсала – Шведска и Центарот за дијабетес, ендокринологија и метаболизам во Оксфорд.

Тој е светски познат експерт за синдром на полицистични јајници. Бил главен истражувач и соработник на повеќе меѓународни проекти.

Тој е член на Извршниот одбор на Европското здружение за ендокринологија и член на уредувачкиот одбор и рецензент на меѓународни научни списанија за ендокринологија. Тој е визитинг професор на универзитетите во Атина и Скопје.

Тој е заменик директор на Клиниката за ендокринологија, дијабетес и метаболички болести на Универзитетскиот клинички центар на Србија.

Професорот д-р Ѓуро Мацут и стана познат на пошироката јавност откако на 10 март 2025 година одржа предавање пред студентите кои сакаат да студираат во Паркот Пионирски, а во таа прилика рече и дека се надева оти наскоро ќе се вратат на факултетските клупи и посочи дека политиката не треба да биде дел од универзитетот, пренесува Н1.

ИЗДВОЕНИ