Еден од најбогатите Хрвати, момчето кое почна во својата гаража, а сега го нарекуваат балкански Илон Маск, накратко е Мате Римац.
Некои дури велат дека тој е најголемиот иноватор во овој регион по Никола Тесла.
Мате Римац е роден во 1988 година во Ливно. Поради војната, набрзо се преселил во Германија, а во 2001 година во Самобор кај Загреб. Дури и во средно училиште, тој се истакнал во иновациите. Победил не само во Хрватска туку и на многу светски натпревари.
Со првите заработени пари купил БМВ Е-30, од 1984 година, попознат како „коцкица“. Кога му експлодирал бензинскиот мотор за време на трка, тој решил да ги спои своите две страсти – автомобилите и технологијата. Така, на 19 години почнал да го прави првиот електричен мотор во својата гаража.
Подоцна го направил најбрзиот автомобил на светот.
Мате Римац денес е сопственик и основач на компанијата „Римац автомобили“. Неговата компанија „Римац груп“ е мнозински сопственик на „Бугати“, со 55 отсто од акциите во компанијата. Тој има 2.000 вработени, производствени фабрики во четири земји, а вредноста на неговата компанија се проценува на 2,2 милијарди евра во 2022 година.
Како што еднаш самиот кажа, негов модел бил Никола Тесла, а првите иновации ги започнал во средно училиште кога имал само 17 години.
Мате Римац денеска во Загреб претстави роботски такси кои сами ќе возат, веќе во 2026 година. Но, на презентацијата се случила незгода, кога Римац се обидел да повика такси со мобилниот телефон, тој не го послушал.
Римац сакал да покаже како изгледа да нарачаш роботско такси преку апликацијата, но откако го повикал таксито тоа не пристигнало, односно не стартувало.
„Можеби тоа е ефектот од презентацијата; кога го тестиравме нарачката и пристигнувањето на робот-таксито, функционираше. Мојот тим ќе провери што се случило, рече Римац.
За време на презентацијата, ко-основачот на P3 и главен директор за дизајн, Адријано Мудри уште еднаш се обиде да повика роботакси, кој уште еднаш одби да го послуша.
Подоцна, Мате Римац објасни дека се блокирала сопирачката.
Возилото на Римац инаку ќе има две седишта, нема да има волан, педали и типична табла со инструменти. Возилото има екран од 43 инчи кој може да се користи, меѓу другото, за споделување информации за патувања додека возите.
„Корисникот ќе може целосно да го персонализира возилото, на пример изборот на музика“, вели Римац.
Инаку, Мате Римац сега е во центарот на вниманието поради разводот со Катарина Ловриќ, кој го пренесоа сите медиуми. Парот помина седум години во врска и три во брак, а нивната венчавка беше прогласена за настан на годината.