Кој бил Свети Никола и зошто се слави на 19 декември?

264

На 19 декември православните христијани го слават Свети Никола. Но, кој бил свети Никола Чудотворец, Архиепископ Мирликиски? Свети Никола во христијанскиот свет е почитуван како чудотворец, со тоа што во православието се смета и за заштитник на патниците, морнарите, затворениците и сиромашните, додека во католицизмот е заштитник на сите класи на општеството, но особено децата.

Според биографиите, Свети Никола е роден во грчката колонија Патари во III век во римската провинција Ликија во Мала Азија. Од раното детство бил многу религиозен и својот живот целосно го посветил на христијанството.

Се верува дека е роден во богато христијанско семејство и дека стекнал основно образование. Од детството го учел Светото Писмо, дење не излегувал од храмот, а ноќе се молел и читал книги. Кога го завршил училиштето, сакал да стане свештенство, па неговиот вујко, архиепископ, го направил свештеник на градот Мир.

Наследството што го оставиле неговите родители го користел за да им помага на сиромашните и да дели милостина. Тој правел добри дела тајно.

За архиепископ е избран по смртта на неговиот вујко, по што продолжил да ја шири верата и во црквата и меѓу обичните луѓе. Во еден период од својот живот, за време на владеењето на римскиот император Диоклецијан, кој систематски ги прогонувал христијаните, Никола бил затворен. Ослободен е дури во времето на Константин Велики.

Починал од природна смрт во 345 година во градот Мир, денешен град Кале (Демре) во турската област Анталија. Неговите мошти почивале во катедралната црква во истиот град до 1096 година кога биле пренесени во Бари во Италија. И денес, речиси 1.000 години подоцна, тие се во Бари.

Зошто Свети Никола се слави на 19 декември?

Свети Никола се празнува на 19 декември (6 декември по стариот календар) и спаѓа во низата празници со непроменлив датум. Овој датум не е случаен – на истиот ден во 343 година, овој светител починал.

Зимскиот Свети Никола е за време на големиот Божиќен пост, поради што православните верници кои го одбележуваат овој светец како слава и подготвуваат само риба и друга посна храна.

Но, се празнува и летниот Свети Никола на 22 мај. На денешен ден во 1096 година, неговите мошти биле пренесени од Мир во Ликија во тогашниот православен Бари во Италија и сместени во црквата Свети Јован Претеча, која набрзо станала собиралиште на аџиите.

Легенди, приказни и верувања поврзани со Свети Никола

За овој светец се поврзани цела низа легенди и приказни. Еден од нив објаснува зошто Свети Никола се смета за светец-заштитник на морнарите, гемиџиите, рафтерите, рибарите и мелничарите.

Таа приказна вели дека Свети Никола, откако ги посетил сите свети места, најмил гемиџија да го однесе во Ликија. Гемиџијата ги зел парите, но сакал да оди на друго место. Тогаш се крена многу силен ветер и го свртел бродот во правец на Ликија, а сите напори на морнарите кои се обиделе да го вратат бродот биле залудни. Со полни едра, бродот дошол до пристаништето Ликија, каде што се симнал Свети Никола.

Се верува дека на денот кога се слави Свети Никола, не треба да се тргнува на пат, а многу морнари се придржуваат до традицијата да не пловат на тој ден.

Свети Никола меѓу христијаните е почитуван како чудотворец и се верува дека може да излечи секаква болест. Со векови се раскажувале приказни за чуда што се случиле поради неговите мошти од кои тече миро. Легендите велат дека слепите успеале да си го вратат видот, тешко болните да одат, а на глувите им се вратил слухот, поради што болните му се молат.