
На погребот на папата Франциск присуствуваат 130 странски делегации, од кои многумина веќе пристигнаа – меѓу нив претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, американскиот претседател Доналд Трамп, Џо Бајден, многу европски и светски лидери, како и европски кралски семејства.
Папата Франциск ќе биде погребан денес во една од таканаречените „пет папски базилики“, „Санта Марија Маџоре“, во Рим, каде што ќе биде пренесено телото на поглаварот на Римокатоличката црква од базиликата „Свети Петар“.
Меѓу гостите што пристигнаа беа кралот и кралицата од Шпанија, Фелипе Шести и кралицата Летиција, унгарскиот премиер Виктор Орбан, украинскиот претседател Володимир Зеленски, францускиот претседател Емануел Макрон, италијанската премиерка Џорџа Мелони и италијанскиот претседател Серџо Матарела. Тука се и актуелниот американски претседател Доналд Трамп со Меланија Трамп, како и поранешниот американски претседател Џо Бајден.
На погребот присуствуваат и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, британскиот премиер Кир Стармер, претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола, аргентинскиот претседател Хавиер Миеле и генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш.
Од кралските семејства присутни се и британскиот принц Вилијам, принцот од Монако Алберт и принцезата Шарлин, белгискиот крал Филип и кралицата Матилда, норвешкиот крал Харалд Петти, шведскиот крал Карл Шеснаесетти Густаф и други.
Според Ватикан, првиот ред ќе го заземат високи функционери од родната земја на папата, Аргентина и Италија, додека другите лидери ќе бидат подредени по француски азбучен ред.
Церемонијата во Ватикан ќе ја води кардиналот Џовани Батиста Ре, за кого италијанските медиуми шпекулираат дека би можел да го замени папата Франциск на позицијата поглавар на Римокатоличката црква.