Кои се потенцијалните наследници на Зеленски?

45
EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

По жестоката конфронтација на украинскиот претседател Володимир Зеленски со американскиот претседател Доналд Трамп и потпретседателот Џ.Д. Венс во Белата куќа се погласни се повиците на некои сојузници на Трамп Зеленски да поднесе оставка.

Зеленски постојано изјавува дека би бил подготвен да се повлече од функцијата доколку тоа би обезбедило мир или влез на Украина во НАТО, додека изборите во Украина во моментов се неостварливи поради воената состојба, иако мандатот на Зеленски е истечен. Американците пријателски настроени кон Трамп веруваат дека тоа ќе го отвори патот за мировен договор меѓу Украина и Русија.

Пред две недели Трамп упати серија остри критики против Зеленски, нарекувајќи го диктатор затоа што Украина, среде војната, не одржува избори ниту ги планира. Покрај тоа, тој му порача дека од мировните преговори со Русија не може да очекува големи територијални отстапки, особено откако САД и Русија преговараа за Украина без украински претставници.

Иако Трамп подоцна го ублажи тонот по разговорите со францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Кир Стармер, инцидентот со украинскиот претседател не остана незабележан. За време на јавниот дел од средбата во Белата куќа, Трамп му се развика на Зеленски пред новинарите и побара поголема благодарност за американската помош.

Иако Зеленски се уште ужива голема поддршка во Украина и прашање е дали некој би можел да го победи доколку се кандидира, неколку имиња се издвојуваат како можни нови претседатели на Украина.

Најсериозен кандидат е Валериј Залужни. Тоа е поранешниот врховен командант на украинската армија, и актуелен амбасадор на Украина во Обединетото Кралство. Тој е најчесто споменуваното име за наследник на Зеленски. Залужни ја водеше одбраната до 2024 година, а беше отстранет по несогласувањата со Зеленски околу воената стратегија. Според некои анкети, Залужни е повеќе популарен од Зеленски, и би го поразил на евентуални избори.

Виталиј Кличко, поранешниот боксер и актуелен градоначалник на Киев, исто така се појавува како можен кандидат. Кличко веќе го критикуваше Зеленски за неговите оптимистички изјави за војната, додека го поддржа Залужни за неговата искреност.

Име кое се споменува е и Руслан Стефанчук, претседател на украинскиот парламент. Тој е познат по тоа што жестоко се спротивстави на повиците на Трамп за избори среде војната, велејќи дека на Украина сега и требаат „куршуми, а не гласачки ливчиња“. Тој неодамна ја повика ЕУ да ја зголеми воената помош за Украина и предупреди на заканата што доаѓа од Русија. Се чини дека Стефанјук е највоинствениот од тројцата кандидати.

Без разлика кога ќе се одржат изборите во Украина, тие ќе зависат од повеќе фактори. Прашање е до која фаза ќе дојде војната, дали ќе има прекин на огнот или траен мир и дали Зеленски ќе се кандидира за претседател.

Во сегашната констелација на или, најголеми шанси има Зеленски, а зад него е Залужни, но сите опции се на многу нестабилен терен, бидејќи ситуацијата во Украина и на глобалната сцена се менува од ден на ден, пренесува Индекс.

ИЗДВОЕНИ