Сведоци, надзорни камери, ГПС… се трите клучни докази против Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ, осомничени за убиството на Данка Илиќ, на 26 март годинава во селото Бањско Поље кај Бор, дознава „Блиц“.
Како што пишува српскиот медиум, обвинението се заснова на сведоци кои сведочеле дека обвинетите биле на местото каде девојчето исчезнало и настрадало, но и на снимките од надзорните камери кои укажувале дека тие биле во моментот на исчезнувањето на девојчето на местото каде што била последен пат видена.
– Исто така, ГПС на службеното возило што го возеле тој ден потврди дека тие биле на лице место во моментот на исчезнувањето на Данка, а тоа го потврди и видеото од надзорната камера. Исто така, земено е во предвид нивното сведочење што го дале во обвинителството, кое подоцна го повлекле бидејќи е дадено во присуство на нивните бранители и е веродостојно – вели изворот на „Блиц“.
Обвинетите се товарат за кривично дело тешко убиство на дете кое е казниво со доживотен затвор без помилување.
Јавното обвинителство во Заечар утрово поднесе обвинителен акт против Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ, кои се осомничени за убиството на Данка Илиќ, двегодишното девојче од Бор.
Обвинението е покренато и против обвинетиот Радослав Драгијевиќ, татко на Дејан Драгијевиќ, за непријавување на делото и пружање помош на сторителот по извршувањето на делото.
Обвинителството даде предлог за продолжување на притворот на обвинетите Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ од страна на Вишиот суд во Заечар.
Верувам дека обвинителството и полицијата си ја завршија работата како што треба и не поднесоа обвиненија без докази. Знаеме што му дадовме на вештакот, што земаа од овие двајца за вештакот. Сите заборавија дека кога се појави видеото од Виена, двајцата рекоа: „Брате, се извлековме“. Но, и покрај истрагата против нив, нивните изјави, признанија, сепак сите ме обвинуваат мене, нејзината мајка – вака зборува Ивана, мајката на 2-годишната Данка Илиќ по покренувањето на обвинението против осомничените за убиството на девојчето.
Како што вели, многу е тешко, болката што ја чувствува никој не може да ја разбере. Шест месеци по исчезнувањето на нејзината сакана ќерка, таа сака само едно – да знае каде и е детето!
– Што и да е, макар и најлошо, само сакам да знам каде ми е детето, да имам каде да одам и да му запалам свеќа! – вели Ивана за српски „Блиц“.