Кога одиш со тато на работа: Маск го донесе синот во Белата куќа кај Трамп, четиригодишникот се мајтапеше и направи шоу/видео

1367
Фото:принтскрин Х

Четиригодишниот син на Илон Маск се потруди да биде ѕвезда на состанокот во Белата куќа.

Маск го донесе директно кај американскиот претседател Доналд Трамп.

Малото момче со чудно име X AE A-XII уживаше додека изведуваше лудории  и се мајтапеше пред Трамп, пред својот татко и  пред другите присутни во Овалната соба.

 

Дури и Трамп се смееше неколку пати додека синот на Маск приредуваше шоу.

Во еден момент е на ушка кај тато, а потоа трча низ собата скокајќи …

Маск е еден од најголемите сојузници на Трамп.

А, неговиот син го претвори сериозниот деловен состанок во луда забава.

 

 

 

ИЗДВОЕНИ