Кога ќе си побараш, а мајка ти ќе ти ја исполни желбата : Актер добил вазектомија за 38-иот роденден

936
Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER

Актерот Арми Хамер доби необичен подарок од мајка си за својот 38 роденден.

Говорејќи на подкастот „The Armie HammerTime“, неговата мајка Дру сакаше светот да дознае за нејзиниот подарок.

„Ајде да разговараме за тоа што ти подарив за роденден оваа година“, почна Дру да му се обраќа на својот син.

Го прашала својот син што сака, а неговиот одговор бил шокантен.

Тој избрал вазектомија.

„Имам две прекрасни деца. Не сакам повеќе деца. Подготвен сум“, се сеќава Хамер на одговорот, мислејќи на ќерката Харпер (9) и синот Форд (7) кој ги дели со поранешната сопруга Елизабет Чемберс.

Подоцна ја посетил болницата и го „остварил“ подарокот.

„Да, мајка ми ми го даде ова како роденденски подарок“, рекол Арми во болницата додека ја плаќаше интервенцијата со банкарската картичка на мајка му.