Кога ќе разговараат Трамп и Путин?

25
EPA/MICHAEL KLIMENTYEV

Кремљ објави дека не е исклучен контактот меѓу Владимир Путин и Доналд Трамп пред инаугурацијата во јануари, објави руската новинска агенција Интерфакс.

Оваа изјава доаѓа по претпазливата реакција на Москва на изборната победа на Трамп.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ја призна победата на Трамп, но рече дека нема информации дали Путин планира да му честита на Трамп и нагласи дека Русија сè уште ги смета САД за непријателска земја поради нејзината поддршка за Украина.

Самиот Путин допрва треба да ги коментира изборите во САД, но се очекува да зборува и да одговара на прашања на конференција подоцна во текот на денот.