Прашањето што си го поставуваат сите љубители на Формула 1 е кога ќе победи британскиот возач Луис Хамилтон на својата прва Формула 1 трка како возач на Ферари.

Луис Хамилтон важи за еден од главните кандидати за освојување на титулата во Ф1 оваа година, но пред тоа треба да постигне нешто друго. За да биде сериозен кандидат за титулата со Ферари, тој ќе треба прво да забележи победа со тимот од Маранело.

Првата победа во црвениот болид би била огромен чекор за Хамилтон, бидејќи со тоа ќе ја зголеми својата самодоверба и дополнително ќе го зацврсти своето уверување дека е на дофат осмата титула. Сепак, со очекувана исклучително конкурентна сезона, победите на трките ќе бидат тешко дофатливи.

Покрај Ферари, се очекува и од Мекларен, Ред бул и од Мерцедес да ја започнат сезоната 2025 на добар начин, а сите возбудувања започнуваат следниот месец, во Австралија.

Многумина внимателно ќе го следат напредокот на Хамилтон со Ферари, а ривалите особено ќе го анализираат за да проценат дали е навистина сериозен кандидат за титулата. Сега, сите љубители на Формула 1 развија дебата на социјалните мрежи за тоа кога ќе дојде до првата победа оваа сезона. Ако се земе предвид дека е еден од фаворитите за титулата, многумина сметаат дека ќе слави уште на стартот, а, од друга страна, пак, има и такви што сметаат дека ќе мора прво да се адаптира на новиот болид, а потоа да дојде до триумф.

ИЗДВОЕНИ