„Кога играш против Реал Мадрид, мораш да…“

911
epa11959821 Players of Real Madrid celebrate with their supporters after winning the UEFA Champions League round of 16 second leg soccer match between Atletico Madrid and Real Madrid in Madrid, Spain, 12 March 2025. EPA-EFE/Juanjo Martin

Бранителот на тронот, тимот на Реал (М), со голема доза на среќа го елиминира градскиот ривал Атлетико (М) и обезбеди пласман во четвртфиналната рунда од Лигата на шампиони. Пенал-рулетот повторно се покажа како среќен за „кралскиот клуб“, а кобен за „јорганџиите“ кои во 31 секунда ја анулираа негативата од првиот натпревар но повторно со наведната глава го напушрија зелениот терен.

Контроверзно поништениот гол на Хулијан Алварез им даде предност на „кралевите“, а на крајот Рудигер го постигна последниот гол од пенал рулетот за победа.

Дури и птиците на гранката знаат за каков клуб се работи, особено кога играат во Лигата на шампионите, а сега Тјери Анри го коментираше Реал (М).

Легендарниот поранешен француски фудбалер немаше ништо друго освен пофални зборови за „кралскиот клуб“ и покажа колку ги почитува.

„Кога играте против Реал (М), мора да имате среќа. Како што рече Облак, можете да играте совршено, но без среќа не можете да ги победите“, изјави Анри.

Токму поранешниот клуб на Анри, по кој е најпознат – Арсенал, е следниот противник на Реал (М) во четвртфиналната рунда ЛШ.

Французинот го прокоментира и тој натпревар, како и шансите на истиот натпревар што ги има неговиот омилен клуб од Лондон.

„Треба да одите во тој натпревар со верба дека ќе победите, од тоа се направени соништата. Бев сведок како Грција го освои Европското првенство, Лестер ја освои Премиер лигата. Никој не веруваше во тоа. Ако одите таму без никакво верување дека ќе победите, подобро е да останете дома“, изјави Французинот.

Првиот натпревар на овие два тима ќе го одиграат во Англија на 8 април, а реваншот во Шпанија на 16 април.

Победникот од четврт-финалето ќе се сретне во полуфиналето со подобриот од двата дуели ПСЖ – Астон Вила.

ИЗДВОЕНИ